Фунгициди

CHAMPION 50 WG e контактен фунгицид и бактерицид во вид на водорастворливи гранули со широк спектар за сузбивање на причинители на болести кај овошните, градинарските култури и лозарството. Активната материја бакар хидроксид го инхибира ртењето на спорите на патогените. Габните заболувања не развиваат резистентност на оваа материја заради неговиот повеќекратен механизам на дејство.

CHAMPION 50 WG е фунгицид со најситни честички од сите бакари во форма на гранули и заради тоа овозможува најдобра покриеност на растенијата со растворот, а во исто време не врши никаква блокада на бренерите со што заштедува време и ресурси во времето на апликација.

ПРИМЕНА:

– Пламеница (peronospore) на винова лоза (Plasmopara viticola), црвенило на листот на виновата лоза (Pseudopeziza tracheiphila) и црнo гниење на грозјето (Guignardia bidwelli) со примена од започнувањето на вегетацијата до цветање и по цветањето, во концентрација од 2-2,5 kg/ha

– Бактериски и габични болести (освен пепелница) како бактериска пламеница (Erwinia amylovora) на јаболки, круши и дуњи во количина 2-3 kg/ha со употреба на вода 800-1500 L/ha

– Пламеница кај компир и пламеница кај домат (Phytophthora infestans) и дамкавост на листот (Alternaria solani), во количина 3,5-4 kg/ha.

КАРЕНЦА: 35 дена за винова лоза, 28 дена за кромид и грав, 21 ден за коскесто овошје и шеќерна репка, 14 дена за компир и домати (на поле и во заштитен простор), 10 дена за јаболки и круши, 7 дена за пиперка и модар патлиџан, 5 дена за малини, краставици.

ФИТОТОКСИЧНОСТ: Фитотоксичност може да се појави при ладно и влажно време.

MЕШАЊЕ: Не смее да се меша со дитиофосфорни инсектициди (malation, fosalon, fosmet, metidation) или со кисели инсектициди (diklorvos, heptenofos, dimetoat, fosfamidon), фунгициди на база на propamokarb, како и биостимулатори на база на etephon.

JOULES контактен фунгицид со превентивно дејство. Активната материја chlorothalonil е наменета за сузбивање на широк спектар растителни болести. Најдобро е да се употреби пред појава на инфекцијата.

ПРИМЕНА: Се користи кај пченица и јачмен за сузбивање на дамкавост на лист и клас (septoria, rhynchosponium), доза од 2 L/ha. Се користи и кај градинарските култури во доза од 2-2,5 L/ha, и кај коскесто овошје во доза од 200-250 ml/100 L вода, при што не смее да се меша со масло и прилепувачи.

КОМПАТИБИЛНОСТ: Производот е компатибилен со најголем број на пестициди. Да не се меша со масло и маслени формулации. Исто така мешањето со прилепувачи не го зголемува дејството на препаратот, додека во одредени случаи може да доведе до фитотоксичност.

AZIMUT 80 WG e системичен фунгицид со протективно, куративно и ерадикативно дејство.

АКТИВНА МАТЕРИЈА: Fosetyl-Al 800 g/kg ФОРМУЛАЦИЈА: водорастворливи гранули (WG)

НАЧИН НА ДЕЈСТВО: Системичен фунгицид со протективно и куративно дејство. Растенијата многу брзо го усвојуваат и се движи низ флоемот и ксилемот. Има повеќекратно дејство против патогените: го инхибира ртењето на спорите, ги блокира развојот на мицелиумот и спорулацијата.

ПРИМЕНА:

кај винова лоза за сузбивање на пламеницата (Plasmopara viticola) во количество од 0,75-3,3 kg/ha во градинарството за сузбивање на пламеницата (Pseudoperonospora cubensis) во концентрација од 0,25-0,37% (25-37 g во 10 l вода)

ПРЕПОРАКИ: Препаратот да се користи пред настанување на инфекција. Во лозарството да се користи по фазата на цветање на секои 10-14 дена. Не смее да се меша со инсектициди со силна кисела реакција, Бордовска чорба и фолијарни ѓубрива со амонијачен азот.

КАРЕНЦА: 28 дена во лозарството, 4 дена за краставица.

RIZA e системичен фунгицид со протективно и куративно дејство за сузбивање на габни заболувања со активна материја tebuconazole формулиран како маслена емулзија во вода. Спаѓа во групата на триазоли, ја инхибира синтезата на ергостероли во клетките на габите.

ПРИМЕНА: во лозарството за сузбивање на пепелницата (Uncinula necator) во концентрација од 0,03-0,04% (3-4 ml во 10 l вода), вишна за сузбивање на монилија (Monilia laxa) во количество од 0,75 l/ha, јаболко за сузбивање на пепелница (Podosphaera leucotricha) во концентрација од 0,03% (3 ml на 10 l вода) пченица за сузбивање на пепелница (Erysiphe graminis), рѓа (Puccinia spp.) и фузариум од класа (Fusarium spp.) во количество од 0,5-1 l/ha Потрошувачка на вода: 200-400 l/ha кај пченица, 1000 l/ha кај јаболко, вишна и винова лоза.

ПРЕПОРАКИ: Пепелницата на винова лоза се сузбива со превентивни третмани во текот на вегетација. Со третмани се започнува кога ластарите имаат должина од 10 cm и се продолжува се додека постојат услови за зараза. Кај вишната да се употреби од фазата на бели балони до фаза на прецветување. Кај пченицата да се започне со третмани од почетокот на класење и да се повтори при почетокот на цветањето, кога мицелиумот на патогенот се развива од подолните кон погорните листови. Препаратот не смее да се меша со пестициди со силна кисела или базна реакција.

КАРЕНЦА: за пченица обезбедена со времето на примена, 21 ден кај јаболко вишна и лозарството.

FUNGISTOP е контактен фунгицид со протективно дејство за контрола на пепелница и со секундарно акарицидно дејство. FUNGISTOP e производ кој содржи 72% сулфур и е формулиран како концетрат за суспензија. Овој течен облик овозможува лесна манипулација, поголема безбедност за ракувачите и спречува губитоци како кај прашкастите формулации.

ПРИМЕНА: се применува кај градинарските, поледелските, овошните култури и во лозарството, како и кај украсните растенија, за спречување на пепелницата, како и за намалување на популацијата на црвениот пајак и копривните пајачиња. Се употребува во концентрација од 0,2-0,6%, т.е. од 0,2-0,6 L/100 L вода. Не се применува кај осетливи сорти кајсии, праски и јаболка, ниту кај производи кои ќе се користат за конзервирање. Да не се применува на повисоки температури од 28 °С, и да не се меша со масло или со алкални препарати.

ZOLEX е фунгицид со активна материја propiconazole од групата на триазоли, со системично и куративно дејство за контрола на пепелница, рѓа и лисна дамкавост. Најдобри резултати се добиваат кога се вршат третмани пред појава на болеста или во идеални услови за појава на инфекција.

ПРИМЕНА: Се применува кај пченица и јачмен за контрола на пепелница, рѓа, сива дамкавост, мрежеста дамкавост во доза од 0,5 L/ha, и кај ориз за сузбивање на дамкавост во доза од 0,5 L/ha. Се користи и во лозарството и овоштарството во доза од 0,3-0,5 L/ha.

КАРЕНЦА: 45 дена кај пченица, 42 дена кај ориз и 40 дена кај јачмен.

AGRITAN 80 WG е контактен фунгицид во форма на водорастворливи гранули за заштита на јаболчесто овошје од чадлива краставост (Venturia inaequalis).

НАЧИН НА ДЕЈСТВО: Активната материја captan припаѓа на групата фталимиди. Се карактеризира со превентивно и куративно дејство на начин што го спречува растот на мицелиумот.

ПРИМЕНА: Се употребува кај јаболкото за сузбивање на чадлива краставост (Venturia inaequalis) во доза од 1,88 kg/ha, кај праската за сузбивање на причинителот на кадравење на листовите (Taphrina deformans) во доза од 1,88 kg/ha, при што најважно е да се аплицира во прават фенофаза т.е. кога во средината на лисната папка се гледа зелен врв не подолг од 3-4 mm, а воедно на неотворените цветни папки се наѕира црвена боја на венечните ливчиња

КОМПАТИБИЛНОСТ: Компатибилен е со најголем број на инсектициди и фунгициди. Не е дозволено да се меша со кисели инсектициди (diklorfos, heptenofos, dimetoat), маслени средства и бакарни фунгициди. Авионска употреба не е дозволена.

КАРЕНЦА: 21 ден за јаболчесто овошје. Досега не е забележана појава од резистенција кај каптанот. За да се избегне појавата на резистенција, треба да се употребува наизменично со препарати со поинаков механизам на дејство.

AGRIMICLO 20 EW е системичен фунгицид во форма на маслена емулзија во вода за сузбивање на пепелница (Uncinula necator) во лозарството. НАЧИН НА ДЕЈСТВО: Активната материја myclobutanil припаѓа на групата триазоли и делува на начин што ја спречува биосинтезата на ергостерол, којшто е одлучувачка компонента во развивањето на клеточните мембрани кај габите. Без развој на клеточните мембрани, растот на габите ќе биде спречен.

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА: во лозарството за сузбивање на пепелница (Uncinula necator), во доза од 0,12 L/ha до пред цветање (до BBCH61) и 0.23 L/ha после цветање (од BBCH61 натаму). Препорачана потрошувачка на вода е 1000 L/ha. Максимален број на третирања во текот на една сезона: два пати. Интервалот помеѓу две нанесувања изнесува 8-14 дена

КОМПАТИБИЛНОСТ: Компатибилен е со најголем број на инсектициди и фунгициди. Компатибилен е со препарати на база на каптан, манкозеб и дитианон.

КАРЕНЦА: 14 ден во лозарството.

DOMARK COMBI е фунгицид за сузбивање на пепелница кај виновата лоза и растенијата од фамилијата cucurbitaceae, како и за сузбивање на пепелница и чадлива краставост кај јаболкото. DOMARK COMBI е комбинација на две активни материи: tetraconazole кој што е триазол од најновата генерација со исклучително дејство за сузбивање на пепелница и чадливца краставост и сулфур. Заради составот овој фунгицид има превентивно, куративно и ерадикативно дејство.

ПРИМЕНА: DOMARK COMBI се примненува во доза од 1,5-2 kg/ha во зависност дали се употребува пред појава на инфекцијата или по нејзино појавување.

КОМПАТИБИЛНОСТ: производот е компатибилен со најголемиот број на фунгициди и инсектициди. Не треба да се меша со минерални масла и инсектициди со алкална реакција.