Гранулирани ѓубрива

Основно, комплексно, гранулирано ѓубриво со балансиран однос на хранливи елементи, за пролетно и есенско ѓубрење на интензивни овошни насади, градинарски и поледелски култури.

При есенско ѓубрење се употребува 200-300 kg/ha, со понатамошна прихрана. При пролетно ѓубрење, доколку немало есенско ѓубрење се употребува 300-500 kg/ha.

Азот -(N) Амонјачен -N Нитратен - N Фосфор - P Калиум - (K) Магнезиум - (Mg) Сулфур - (S) Бор - (B)
9 % 6,4 % 6 % 12 % 25 % 2 % 2,6 % 0,2 %

Просечниот пречник на пелетите е 5 mm. Дозата на примена е:

  • во градинарски, лозарски и овоштарски култури 1000 kg/ha
  • поледелски култури 800 kg/ha

Пакување: 25 kg.

AGROGOLD е органско ѓубриво-пелетирано пилешко ѓубриво, кое освен што овозможува достапни хранливи елементи за ратсенијата исто така ја подобрува структурата на почвата. Со тоа се овозможува подобар водно-воздушен капацитет на почвата кој што е од исклучителна важност во стресни услови предизвикани од суша, интензивни врнежи или неповолни температури. Внесувањето на органска материи исто така ја поттикнува активноста на земјишните микроорганизми и ги подобрува физичко-хемиските својства на почвата. Со тоа се овозможува и достапност на хранивата во почвата кои инаку биле недостапни поради неповолните својства на почвата.

Органска материја Сува материја мин. Влага макс. Азот (N) Фосфор (PO) Калиум (KO)
65 % 90 % 10 % 4 % 3 % 2 %