Хербициди

DICOPUR TOP e хербицид за контрола на едногодишни и повеќегодишни широколисни плевели кај озими и пролетни житни култури и пченка

НАЧИН НА ДЕЈСТВО DICOPUR TOP 464 SL е комбинација од две активни компоненти, 2,4 D (дихлорофенокси оцетна киселина) и дикамба. Претставува селективен и системичен фолијарен хербицид наменет за сузбивање на некои едногодишни и повеќегодишни широколисни плевели преку фолијарна апсорпција со акумулирање на активните супстанции во активните зони.

Kај пченица се употребува во доза од 0.8-1.0 L/ha зависно од фенофазата на пораст на културата и плевелот, односно пченицата треба да е во фенофаза на полно братење, а плевелите во фенофаза на 2-4 листа.

Кај пченка се употребува во доза 1.0 L/ha по никнење на пченката во фенофаза од 4-6 листа, а плевелите во фенофаза на 2-4 листа. Cirsium arvense (L.) Scop. (нивска паламида) да е помала од 10 cм височина

КОМПАТИБИЛНОСТ: DICOPUR TOP е компатибилен со поголемиот дел на средства за заштита коишто постојат на пазарот, но помалку со оние со базна реакција. Пред употреба да се проверат листите за компатибилност. ПЛОДОРЕД НА КУЛТУРИТЕ: Во нормални климатски услови не постојат рестрикции во однос на плодоредот на културите.

IKANOS 4OD e cелективен хербицид за сузбивање на теснолисни и широколисни плевели по никнување кај пченка и во неземјоделски површини. Активната материја nicosulfuron која спаѓа во групата на сулфонилуреи се апсорбира преку лисјата и затоа е наменет за фолијарна употреба.

ПРИМЕНА ПЧЕНКА: Осетливи плевели – Монокотиледони – теснолисни плевели: див овес (Avena spp.), пиреј (Agropyron repens), лисичина опашка (Alopecurus myosuroides), влакнесто просо (Echinochloa crus-galli), рајграс (Lolium spp.), мухар (Setaria spp), коштан (Sorghum halepense) од семе и ризом. – Дикотиледони – широколисни плевели: штир (Amaranthus spp.), пелинеста амброзија (Ambrosia artemisifolia), штир (Ammi majus), двозабец троделен( Bidens tripartia), овчарска торбичка (Capsella bursa-pastoris), дворетка (Diplotaxis erucoides), чадливка (Fumaria officinalis), обична коника (Gаlinsoga parviflora), камилица (Matricaria chamomilla), просинец (Mercurialis annua), горчливка ежеста (Picris echioides), дворски повит (Polygonum persicaria), голем повит (Polygonum lapathifolium), толчница (Portulaca oleracea), дива ротквица (Raphanus raphanistrum), (Rapistrum rugosum), послки синап (Sinapis arvensis), полски осот (Sonchus oleraceus), звездарка (Stellaria media). Средно осетливи плевели – Монокителедони – класести плевели : просо (Panicum spp), обично просо (Digitaria sanguinalis). – Дикотиледони- широколисни плевели:: татула (Datura stramonium), див сончоглед (Helianthus tuberosus), крмус (Phitolacca americana), повивка (Fallopia(Poligonum)convolvulus), црн зрнец (Solanum nigrum), чичка ( Xanthium spp.)

IKANOS 4OD се употребува после никнење на културата и плевелите во следните стадиуми на развој: пченката од 2-3 до 5-6 листови, широколисните плевели од 2-4 листови, теснолисните плевели од 2 листа до почеток на братење и коштан од ризоми од 10-20 см висина. ДОЗИ ЗА УПОТРЕБА КАЈ ПЧЕНКАТА: 1-1,5 L/ha: се препорачува помала доза за сузбивање на сензитивните плевели и во првите фази на развој на плевелите. Поголема доза се препорачува за сузбивање на Sorghum од ризоми и за поразвиените или средно сензитивните плевели. 1+0,5 L/ha: во случај на плевели со скаларно растење се препорачува поделба на третирањето со производот во две апликации на растојание од 7-10 дена помеѓу нив. За комплетирање на дејството на IKANOS 4OD на поразвиени осетливи плевели или средно осетливи теофрастов слез (Abutilon theophrasti), лобода (Chenopodium spp.) се препорачува мешање со специфични производи Bromoxynil, Dicamba, Fluroxipir. Одлични резултати дури и кај најотпорните дикотиледони плевели се добиени во комбинација IKANOS 4OD 1 L/ha+DICOPUR TOP 0,5 L/ha U- D L/ha. Oдлично се комбинира и со U-46 D во доза од 1 L/ha.

U 46-D e хербицид за контрола на едногодишни и повеќегодишни широколисни плевели кај житните култури, пченката, овошните култури и др. Производот содржи 600 g/l 2,4 D (во вид на dymethil amino sol) формулиран како концентриран раствор.

ПРИМЕНА: Се применува кај пченица, јачмен, тритикале и ориз во доза од 1,4 L/ha (најдоцна до 2 коленце), кај пченка (2-6 листа) и шеќерна репа (најдоцна до 2 коленце) 2 L/ha, во овоштарството 1,6 L/ha (најдоцна 30 дена пред берба).

Средството се употребува еднаш во текот на сезоната на една површина. Третирањето да се врши на мирно време, без роса, при температура од 5 до 25 °С.

КАРЕНЦА: Каренцата е обезбедена со времето на примена кај пченицата, јачменот и пченката. КОМПАТИБИЛНОСТ: Средството може да се меша со други хербициди за уништување на други видови плевели, по претходно извршена проверка за нивната фитотоксичност.

ФИТОТОКСИЧНОСТ: Доколку средството се употребува во препорачани дози, на правилен начин и во оптимално време, не е фитотоксичен за наведените култури.

LENTIPUR FLO 500SC e хербицид формулиран како концентрирана суспензија, за примена фолијарно и почвено, наменет за сузбивање на теснолисните и широколисните плевели кај озима пченица, озим јачмен, тритикале и ‘рж. Се апсорбира и преку листот и преку коренот на плевелите. Активната материја chlortoluron е инхибитор на фотосинтезата, при што кај третираните плевели најпрво се јавуваат симптоми на хлороза, а потоа и нивно изумирање. Делува и на ниски температури при што може да се користи од есен. Широколисните плевели најефикасно го уништува од фазата на ‘ртење до фазата 6 листа, додека теснолисните плевели од фазата на ‘ртење до последната фазата на братимење. Чувствителни плевели: синчец (Centaurea cyanus) , звезденка (Stellaria spp.), (Lamium) мртва коприва, (Chenopodium spp.)дива лобода бела, (Apera spica-venti) обична ветрушка, (Matricaria chamomilla) камилица, (Capsella bursa-pastoris) (L.) Medic. овчарска торбичка, (Thlaspi arvense L.)попова лажичка обична, (Alopecurus myosuroides Huds.) полска лисичина опашка.

ПРИМЕНА: Озима пченица, озим јачмен, тритикале, ‘рж: А. На есен од фаза на 3 лист на житото до појава на мраз (фаза 3 лист се случува кога третиот лист е подолг оддругите, и престанува да расте). Препорачана доза за еднократна употреба: 2 L/ha. Во случај на големи осцилации на дневната и ноќната температура производот може да предизвика привремено пожолтување на листовите на житните култури. Б. На пролет, веднаш по почетокот на вегетацискиот период на житните растенија, до полната фаза на братење. Препорачана доза за еднократна употреба: 3 L/ha.

TARIKA е хербицид со широк спектар на делување во сузбивањето на едногодишните и на некои повеќегодишни широколисни плевели во житните култури. TARIKA е хербицид во форма на вододисперзни гранули (WG формулација) којшто се применува фолијарно, односно по никнење на културата и плевелите (POST emergence). TARIKA е наменет за сузбивање на едногодишните и некои повеќегодишни широколисни плевели (Сirsium arvense, односно нивската паламида) кај житни култури. Препаратот содржи активна материја Тribenuron methyl, којашто припаѓа на групата ALS инхибитори (инхибитори на синтезата на аминокиселини) и според HRAC (Herbicide Resistant Action Committee) е класифицирана во групата Б.

ПРИМЕНА: Се употребува кај овес, јачмен, рж, пченица и тритикале за сузбивање на едногодишни и некои повеќегодишни широколисни плевели во доза од 20 g/ha, кога житните култури се во фаза од 2 листа па се до 2 коленце (а најдоцна до заставичар), а плевелите се во фаза од 2-4 листа.

КУЛТУРИ ЗА СМЕНА: По орање на културата којашто е третирана со препаратот TARIKA може да се одгледуваат само житни култури. Препаратот не смее да ги зафати околните растенија. За користење кај посеви за семенски материјал, консултирајте се со носителот на дозволата на препаратот.

СПЕКТАР НА ДЕЈСТВО: Чувствителни плевели: Matricaria chamomilla L. (вистинска камилица), Anthemis arvensis L. (полски вртипоп), Stellaria media (L.) Vill. (обична ѕвездарка), Lamium purpureum L. (црвена мртва коприва), Lamium amplexicaule L. (мртва коприва), Galeopsis, Raphanus raphanistrum L. (дива репица), Sinapis arvensis L. (полски синап), Thlaspi arvensе L. (полска попова лажичка), Capsella bursa-pastoris (L.) Medic. (обична овчарска торбичка), Papaver rhoeas L. (нивска булка), Chenopodium album L. (бела дива лобода),

KYLEO e тотален хербицид со единствена комбинација на две активни материи со различна хемиска и биолошка активност.

KYLEO е производ во кој се искомбинирани активните материи глифосат и 2,4 D со нов и единствен сурфактант, којшто овозможува двата хербициди да се надополнуваат наместо да имаат антагонистичко дејство кога би се измешале во резервоар. Резултатот на овој производ е максимална контрола на теснолисните и широколисните плевели.

KYLEO содржи 160 g/l 2,4 D и 240 g/l глифосат и овозможува контрола не само на плевелите коишто се лесни за контрола (едногодишни теснолисни), туку и целосна контрола на повеќегодишните теснолисни и широколисни плевели коишто се тешки за справување, а некои веќе се и резистентни на третман со обичен глифосат.

KYLEO е најдобро решение за справување со плевелите кога ќе се направи анализа на односот квалитет:успешност:цена на чинење.

CLINIC TF е тотален неселективен хербицид за контрола на едногодишни и повеќегодишни широколисни и теснолисни плевели кај земјоделските култури и кај неземјоделски површини.

CLINIC TF ја содржи активната материја glyphosate формулиран како концентрат за суспензија и во својот состав не содржи соединенија забранети во Европската унија т.е. Tallowamin free производ.Активната материја glyphosate растението ја прима преку зелените делови што содржат хлорофил и оттаму се транслоцира во коренот, ризомите и другите подземни делови. Симптомите се јавуваат по 1-2 недели, се манифестираат преку стареење, џуџест раст, додека зелените делови (листови и ластари) добиваат кафеава боја. Процесот е иреверзибилен и зафатеното растение пропаѓа. Бидејќи глифосатот се транслоцира и до органите за размножување, и во случај на двегодишни растенија, доаѓа до трајно оштетување на растенијата. Препаратот ги опфаќа и двогодишните монокотиледони и дикотиледони растенија, и тие кои никнуваат од семе.

ПРИМЕНА: се користи кај поледелските, градинарски, овошни култури и во лозарството, како и за украсни растенија, во шумарството и кај неземјоделски површини, во доза од 2-6 L/ha.

AGRISATE 360 SL е тотален неселективен хербицид за сузбивање на едногодишни и повеќегодишни теснолисни и широколисни плевели. Активната материја glyphosate растението ја прима преку зелените делови што содржат хлорофил и оттаму се транслоцира во коренот, ризомите и другите подземни делови. Симптомите се јавуваат по 1-2 недели, се манифестираат преку стареење, џуџест раст, додека зелените делови (листови и ластари) добиваат кафеава боја. Процесот е иреверзибилен и зафатеното растение пропаѓа. Бидејќи глифосатот се транслоцира и до органите за размножување, и во случај на двегодишни растенија, доаѓа до трајно оштетување на растенијата. Препаратот ги опфаќа и двогодишните монокотиледони и дикотиледони растенија, и тие кои никнуваат од семе.

ПРИМЕНА: Се употребува во лозарството, кај јаболчесто овошје, јаткасто овошје, коскесто овошје стрништа, земјоделски необработени подрачја, канали, ендеци, железнички насипи, пасишта, тревници луцерка, озима пченица, пролетен и озим јачмен, пченка, сончоглед, маслодајна репка и соја. За сузбивање на пир, сирак и трска, подобар ефект се постигнува наесен кога хранливите материи се движат кон ризомите. За сузбивање на плевели од fam. Convolvulaceae најдобар ефект се добива при третман за време на цветањето, додека за сузбивање на паламидата, оптимален период е за време на братење. Од поглед на временските услови најдобри резултати се добиваат при температура од 15 до 25 ºС и при висока с

КАРЕНЦА: Сончоглед при употреба на доза од 2 L/ha 10 дена, при употреба на доза од 5 L/ha 14 дена, соја при употреба на доза од 3 L/ha 10 дена, при употреба на доза од 5 L/ha 14 дена, пченка, озима пченица и јачмен и пролетен јачмен 14 дена, озима маслодајна репка 10 дена.