Инсектициди

NUPRID 200 SL содржи активна материја Imidacloprid којашто припаѓа на групата на неоникотиноиди. Активната материја делува контактно и дигестивно, го пореметува преносот на нервните дразби на штетните инсекти, а низ растението се движи трансламинарно и акропетално. NUPRID 200 SL е инсектицид којшто поради својата системичност може да се употребува фолијарно, но и почвено со залевање или преку системот капка по капка, а во исто време е лесен за употреба, бидејќи се меша со најголемиот број на средства за заштита на растенијата.

 

ПРИМЕНА 

  • Тутун за сузбивање на лисна вошка, трипс и белокрилка фолијарно во концентрација 3-10 ml на 10 L вода. За расадот во леи се користи во концентрација од 2,5-5 ml на 10 L вода, со залевање по 4 L раствор на 1 m , во фаза на интензивен раст и на десет дена пред расадувањето. –
  • Праска за сузбивање лисни вошки во доза од 0,25-0,3 L/ha.
  • Круша за сузбивање на крушкова болва во доза од 0,6 L/ha.
  • Градинарски растенија (домат и краставица на отворено и во заштитени простори) за сузбивање на лисна вошка и белокрилка во доза од 0,5 L/ha.
  • Компир за сузбивање на лисна вошка и компирова златица во доза од 0,5 L/ha.

КАРЕНЦА

Каренцата изнесува 7 дена кај тутун, 14 дена кај компир и праски, 7 дена кај круши, домат и краставица и 28 дена кај памук.

KAISO SORBIE e уникатен инсектицид со активната материја lambda cyhalothrin кој е формулиран преку специјална постапка со SORBIE технологија како водорастворливи гранули. Тоа му овозможува knock-down ефект како и изразена фото и термо стабилност. KAISO SORBIE е инсектицид од групата на пиретроиди со многу широк спектар на дејство за сузбивање на штетниците кај градинарските култури на отворено и во заштитени простори, кај овошните и поледелските култури и во лозарството.

ПРИМЕНА

Се применува во дозација од 200-300 g/ha, кај компир против компирова златица, домат против лисни вошки и совици, јаболко и круша против јаболков црв и лисни вошки, лозарство против молци и цикади, коскести овошја против прасков црв, свиткувач, молец, трипс и лисни вошки, марула против лисни вошки, пченка против молец, житни култури против лисни вошки и шеќерна репа против лисни вошки и репкина мува

КАРЕНЦА

Каренцата изнесува 60 дена за пченка, 28 дена за житни култури, 7 дена за марула, компир, шеќерна репа, коскесто и јаболчесто овошје и лозарство и 3 дена за домат.

CYREN 5 G е инсектицид со активна материја chlorpyrifos којшто спаѓа во групата на органофосфорни соединенија. Делува врз нервниот систем на инсектите како инхибитор на ацетилхолин естеразата. CYREN 5G е почвен контактен инсектицид наменет за сузбивање на штетни инсекти којшто живеат во почвата или на нејзината површина

ПРИМЕНА И ДОЗАЦИЈА: кај памук, јагоди, сончоглед, пченка, компири, шеќерна репа, тутун и украсни растенија против штетници (Scarabaedidae, Elateridae, Lumbicus terretris и ларви на двокрилци) во доза од 40-50 kg/ha, и кај грав против Delia platura во доза од 40-50 kg/ha. Да се примени за третман на почвата пред сеидбата или расадувањето. Најдобри резултати се постигнуваат доколку се применува со инкорпорација.

КАРЕНЦА: Каренцата е обезбедена со времето на примена.

CYREN 480 EC е инсектицид со активна материја chlorpyrifos којшто спаѓа во групата на органофосфорни соединенија. Делува врз нервниот систем на инсектите како инхибитор на ацетилхолин естеразата. Формулиран е како концентрат за емулзија и се одликува со контактно, дигестивно и инхалационо дејство.

ПРИМЕНА: кај пченица за сузбивање на житна пијавица (Lema melanopus), кај компирот за сузбивање на компировата златица (Leptinotarsa decemlineata), праска за сузбивање праскина вошка (Myzus persicae), јаболко за сузбивање на јаболков свиткувач (Carpocapsa pomonella) и лисни вошки (Aphididae spp).

ДОЗАЦИЈА: 1-1,5 l/ha кај пченица, 1,5 l/ha кај компир и тутун, 0,1-0,2% кај јаболко, 0,10,15% кај праска. Препаратот може да се употреби 2 пати на иста површина во текот на една година. Потрошувачката на вода се движи од 200-400 l/ha за пченица, компир и тутун; 600-1000 l/ha за овошни кулури и лозарство.

KАРЕНЦА: 28 компир, јаболко и праска , 42 дена за житни култури и тутун.

INFISS е инсектицид со активна материја deltamethrin којшто спаѓа во групата на пиретроиди. Делува контактно и желудечно и сузбива широк спектар на штетни инсекти. Поседува брзо иницијално дејство и овозможува долготрајна заштита на растенијата со голема сигурност на употреба. Формулиран е како концентрат за емулзија и се одликува со брзо иницијално дејство и овозможува долготрајна заштита на растенијата со голема сигурност на употреба.

ПРИМЕНА: се употребува кај домат, модар патлиџан, тиквица, краставица и корнишон, диња, лубеница, брокула и карфиол и јагоди во доза од 0,5 l/ha. Потрошувачката на вода се движи од 200-400 l/ha за пченица, компир и тутун; 600-1000 l/ha за овошни кулури и лозарство.

KАРЕНЦА: 3 дена кај домат, модар патлиџан, тиквица, краставица и корнишон, диња, лубеница и јагода, 7 дена кај брокула и карфиол.

КОМПАТИБИЛНОСТ: Не е компатибилен со пестициди со изразена алкална и кисела реакција.

LAINCOIL е препарат со инсектицидно и акарицидно дејство за зимско и летно третирање на овошните култури и во лозарството. LAINCOIL содржи 83% парафинско масло и е формулиран како концентрат за емулзија. Со примена во почетокот на вегетацијата, физички ја спречува респирацијата на сите стадиуми на инсектите и пајачињата. При летните третирања обезбедува поголема покриеност и прилепување на средствата за заштита со што ги подобруваат перформансите на третманот. Зимското третирање се врши кога стеблата на овошките и лозјата се суви, при температури повисоки од 7ºС за да се избегне опасноста од измрзнување. Стеблата и лозите треба добро да се покријат со растворот. Летните третмани не смеат да се вршат при високи температури.

ДОЗАЦИЈА: кај јаболчесто и коскесто овошје 1-1,5 L/100 L вода за контрола на штитести и лисни вошки, црвен овошен пајак и копривни пајачиња, цреши 0,75-1 L/100 L вода за контрола на штитести и лисни вошки, црвен овошен пајак и копривни пајачиња, маслинки 1-1,5 L/100 L вода и украсни растенија 1-1,5 L/100 L вода.

КОМПАТИБИЛНОСТ: LAINCOIL се меша со CHAMPION (бакар хидроксид) . Не смее да се меша со препарати на база на сулфур.