Прилепувачи

INEX е нејонски прилепувач, пенетратор и активатор. Го подобрува дејството на средствата за заштита на растенијата (фунгициди, инсектициди, хербициди, акарициди, десиканти) како на контактните така и на системичните средства.

INEX е високо квалитетен нејонски сурфактанат кој не пени, формулиран посебно за подобрување на перформансите на поголем број пестициди и фолијарни ѓубрива.

Исто така го подобрува дејството и на фолијарните ѓубрива, зголемувајќи ја нивната апсорпција и транслокација.

INEX го намалува површинскиот напон и со тоа значително ја зголемува контактната површина без никаква хемиска реакција. Секогаш се користи со средства за заштита на растенија или со фолијарни ѓубрива.

ПРИМЕНА: за фунгициди 0,5-0,75 ml на 1 L вода, за инсектициди 0,5-0,75 ml на 1 L вода, за акарициди 0,5-0,75 ml на 1 L вода, за хербициди 0,5-0,75 ml на 1 L вода, за десиканти 0,5-0,75 ml на 1 L вода, за фолијарни ѓубрива 0,5-0,75 ml/L вода.