Семенски материјал

292-rapidion

RAPIDION

Rapidion F1 е водечки хибрид рана зелка во регионот, а од оваа година е присутен и кај нас. Должина на вегетација е приближно 55 дена од расадување и просечна тежина од околу 1,5 kg. Погоден е за одгледување во пластеници (препорачана густина околу 60 000 растенија/ha). Главиците се збиени, со изедначен облик и големина, краток кочан и добро пополнети уште во рана фаза. Растението e компактно, што овозможува густо садење и главицата е заштитена со надворешни листови. Добро се одржува на отворено и отпорен е на пукање во финалната фаза на созревање.

platinum

PLATINUM DINASTY

PLATINUM DYNASTY е хибрид зелка за главна сезона за свежа употреба и за киселење. Должината на вегетацијата изнесува 65-75 дена. Формира глава со тежина од околу 3 kg, со округла до полу-округла форма, со убава зелена боја. Има висока отпорност на Fusarium, средна отпорност на црно гниење и голема толеранција на подгорување на ивицата на листот.

joliac

JOLIAC

JOLIAC салата за летно производство на отворено. Растенијата се силни со голем потенцијал. Овој вариетет има извонредна зелена боја и листовите остануваат отворени до крајот на вегетацијата што и овозможува извонреден изглед и привлечност за купувачите. Oтпорност: HR: BI: 16-28, 30-32/ Nr: 0 IR: LMV

solomon

SOLOMON

SOLOMON e спанаќ со рамни листови од раниот сегмент, кој се користи за првата пролетна сеидба, како и за есенско производство. Има средна отпорност на лисна мувла. Отпорност: HR Pfs:1-9,11-16 IR: Cv/Sb

basin

BASIN

BASIN e убедливо водечкиот хибрид на шеќерна пченка кај нас. Се одликува со многу висока содржина на шеќер и спаѓа во групата на supersweet (супершеќерни) пченки. Растението има вегетација од 78 дена, достигнува 200 cm висина, додека клипот е со извонредна должина од 23-24 cm. Клипот е целосно затворен што му овозможува отпорност на напади од инсекти како и од птици. Има голема отпорност на пламеница. Отпорност: HR: Ps: RpD IR: MDMV/SCMV/Pst

matissimo

MATISSIMO

Matissimo е најнов висококвалитетен хибрид од линијата домати на Seminis. Овој хибрид има висока резистентност на TSWV (вирус на дамкавост и венеење), нематоди и Сladosporium. Растението има силен хабитус, а плодовите се со округла форма, црвена боја и висок сјај. Иако растенијата се карактеризираат со висока толеранција на стресни услови, се препорачува да се избегне производство на расад во стресни услови во текот на ноќите. Просечна тежина на плодовите е 230-250 g.

meishuai

MEI SHUAI

Најнов хибрид на розев домат од програмата на Seminis. Се препорачува за пролетно производство во заштитени простори и на отворено. Растението е индетерминантно со силен хабитус и кратки интернодии. Китките просечно формираат 4-5 плодови со тежина од 220-230 g. Плодовите се цврсти и униформни како во китката, така и на целото растение. Mei Shuai e широкоприфатен заради цврстината, убавата боја, високата родност, но ипоради високата толеранција на ниски температури. Отпорност: HR: ToMV:0-2/Ff:A-E/Fol:0,1/Sbl/Sl/Ss/Va:0/Vd:0

signora

SIGNORA

SIGNORA e хибрид со исклучителен квалитет. Китките добро се оплодуваат со 4-5 домати со убава црвена боја. Тежината на плодовите е 350-400 g. Плодовите се отпорни на пукање и одлично поднесуваат чување и транспорт. Имаат кратка вегетација, силен хабитус со кратки интернодии и добро покривање со лисјата. Има одлични приноси и за рано пролетно и за есенско производство. Висока резистентност на Verticilium, Fusarium и мозаичен вирус (ToMV). Средна отпорност на вирус на дамкавост (TSWV) и нематоди (MaMiMj).

cherokee

CHEROKEE

Kластер тип на хибрид. Има округли плодови, со тежина од 140-160 g. Китките добро се оплодуваат со 5-6 плодови со атрактивна црвена боја. Промената на бојата при зреење се одвива брзо дури и при ниски температури. Се одликува со ддобра транспортабилност и долго чување (LSL). Има извонредна отпорност на пукање. Одлично оплодување и на повисоките китки. Силно ратение со кратки интернодии и добра лисна покриеност. Се користи за рано пролетно и за есенско производство. Висока резистентност на Verticilium, Fusarium и мозаичен вирус (ToMV). Средна отпорност на нематоди (MaMiMj).

rosalba

ROSALBA

ROSALBA e beef тип на домат со розева боја. Отсуството на кисел вкус го прави исклучително атрактивен. Плодовите се со тежина од 200-220 g со округла форма. Плодовите се тешки и меснати и се отпорни на пукање. Растенијата се бујни со кратка вегетација и овозможуваат гарантиран висок принос.

riesling

RIESLING

Најнов хибрид на пиперка од програмата на Seminis. Спаѓa во групата на hungarian wax пиперки со крупен плод со атрактивна жолта боја. За разлика од други хибриди во оваа група не создава антоцијан обојување. Има висока отпорност на ТSWV вирусот.

hornet

HORNET

Хибрид на лута пиперка со висока родност. Има голема толеранција на недостаток на светлина и добро се оплодува во неповолни услови. Плодовите се со атрактивна светло зелена боја. Големината на плодовите е просечно 22 см х 2,5 см.

obla

OBLA

Хибрид од типот на Crimson Sweet, со карактеристики најмногу барани од пазарот моментално. Има благо издолжена форма, исклучително слатко месо со интензивна црвена боја и без присуство на влакна. Плодовите се со тежина околу 12 kg, униформни низ целиот период на берба и со константна боја на кората. Хибридот е високо продуктивен со должина на вегетација 85 дена. Има средна резистентност на : Colletotrichum orbiculare и Fusarium oxysporum f.sp. niveum.

utrillo

UTRILLO

Utrillo e сорта грашок со висока продуктивност. Спаѓа во групата на рани грашоци и е погоден за свежа употреба и за замрзнување. Мешунките се со должина 12 см и имаат во просек по 9-10 зрна со извонреден вкус.