Течни и специјални ѓубрива

Speedfol Amino flower&fruit е високо концентрирана суспензија која содржи NPK-S+МЕ, амино киселини и фитохормони. Високиот процент на Калиум и високиот однос на Ауксини и Цитокинини (1:0.6) го иницира цветањето, оплодувањето и растот на плодот. Ги подобрува апсорпцијата и метаболизмот на хранливите материи, а со тоа ја стимулира фотосинтезата и ја зголемува отпроноста на растението спрема измрзнување и непогодни надворешни услови. Се употребува во текот на целата вегетација, а особено во фазата на oплодување. Кај јаболка и круши и винова лоза се употребува во концентрација од 330 ml/100 l вода, кај градинарски култури 1000 ml/100 l вода

Speedfol Boron е производ од голема важност, формулиран за да се спречи и да го се корегира недостатокот на Бор (В) со фолијарна и почвена апликација. Speedfol Boron го подобрува врзувањето на плодовите, го зголемува приносот и има позитивен ефект на квалитетот на плодовите. Борот е неопходен за формирање на клеточниот ѕид (формирање на пектин и лигнин) и е негова структурна компонента. Борот е неопходен и за транспорт и метаболизмот на шеќерите. Исто така игра исклучителна улога во навремено ртење на поленот и растење на поленовата туба (клучен фактор за формирање на нормална семка и плод). Недостаток на Бор може да предизвика абортирање на цветовите и плодовите.

Speedfol Amino Calmag Plus е високо концентрирана суспензија која содржи добро избалансирана мешавина на неопходни хранива и амино киселини за спречување на недостаток и имбаланс на хранливи елементи,што резултира со поздрави и поквалитетни плодови и допринесува за нивно подолго чување по бербата. SPEEDFOL Amino Calmag Plus се употребува во тек на целата вегетација, за да се спречи недостатокот и имбалансот на Калциумот и Магнезиумот. Кај јаболка и круши се употребува во концентрација од 330 ml/100 l вода, винова лоза 330 ml/100 l вода, кај градинарски култури 1000 ml/100 l вода.

Speedfol Color е високо концентриранa формулација која содржи азот, фосфор и калциум. Speedfol Colour се применува за зголемување на клеточната делба и го зајакнува клеточен ѕид во фаза на плодоносење. Со апликација пред жетва се интезивира бојата. Се употребува во доза од 330 ml/100 l вода после цветањето и пред берба.

Speedfol KSL е минерално ѓубриво во течна форма со висока концентрација на калиум застапен во две форми како чист калиум и калиум оксид (К2О). Кај јаболка и круши се употребува во концентрација од 330 ml/100 l вода, винова лоза 330 ml/100 L вода, кај градинарски култури 1 L/100 L вода.

Univerzal 777 SL е балансирано течно ѓубриво кое формулирано како комплексно ѓубре за зголемување на приносот и одржување на здравјето на растенијатa. Содржи макро, мезо и микро елементи.

VEGA SL e Специјално ѓубриво за исхрана на растенија кој во својот состав содржи Азот, Магнезиум и 6 микро елементи. Се користи во фенофазите кога растенијата имаат најголема потреба од исхрана со азот.

ROOTEX е органски производ за почвена примена со цел зајакнување на кореновиот систем, кој станува поенергичен и поефикасен во сите фенофази на развојот на растението. ROOTEX е комбинација на органски екстракти, фосфор, калиум и слободни L-амино киселини со цел да се добие силен коренов систем прекриен со голем број коренови влакненца со што се постигнува максимална ефикасност во усвојувањето на неопходните хранливи материи и вода од почвата.На поттикнување на развојот на кореновите влакненца и вкоренувањето влијаат органските екстракти, а до интензивирање на понатамошниот раст на коренот доаѓа благодарејќи на дејството на слободните L-амино киселини, калиумот и фосфорот.

BIOPLEX e органски производ добиен со процес на контролирана ферментација кој има за цел да ја подобри рамнотежата помеѓу фотосинтетските и респираторните активности на растението. BIOPLEX ги подобрува метаболитските активности така што овозможува апсорпција на био молекулите кои растението престанало да ги синтетизира заради влијанието на околината. Може да се примена во било која фаза на раст, во текот на вегетативниот развој, цветањето, плодоносењето, формирањето и растот на плодовите.

TRAZEX e балансиран комплекс микроелементи (растворлив прав) за фолијарна примена, збогатен со органски екстракти и слободни Л-амино киселини. Совршен е за примена како превентива и за отстранување на недостатоци од микроелементи во сите развојни фази. Микроелементите се неопходни за живот на растението, иако во спредба со макроелементите се разликуваат во количествата кои се потребни на растението. Главната функција на микроелементите во растението е да се вклучат во ензимските системи како основни материи или како активатори на процесот. Нивното присуство е многу важно заради овозможување на ефикасни и правовремени метаболитички процеси.

MAINSTAY CALCIUM е течно, неорганско ѓубриво кое е водена суспензија на калциум карбонат. Го поттикнува развојот на кореновиот систем, го зацврстува клеточниот ѕид, го подобрува квалитетот на плодовите и ја зголемува отпорноста на растенијата према болестите. Помага во одржување на квалитетот на плодот при чување. Кога MAINSTAY CALCIUM се користи при балансирана исхрана на растенијата, калциумот се внесува во листовите и плодовите без пореметување на метаболизмот и рамнотежата на другите хранливи елементи. MAINSTAY CALCIUM ги елиминира симптомите на недостаток на калциум како што се скапувањето на врвот кај пиперката и доматот, како и горките пеги кај јаболкото.

AMINOTON е органско течно ѓубриво кое се состои од мешавина на амино киелини и пептиди од природно потекло. Високата содржина на азот и јаглерод во протеините му даваат значајни нутритивни својства на AMINOTON. Може да се применува фолијарно или почвено. Состав: • Органски азот (N) 7,4%, Органски амино киселини 48%.

AMИНОГРАМ процентуална застапеност на аминокиселините
Аспартинска к-на 1,742 Џидросипролин 2,915 Пролин 5,200 6,708
глутаминска к-на 6,708 5,485 Изолеуцин 1,334 Саркосин 0,446
Аланин5,485 Истидин 1,100 Серин 0,531
Аргинин 3,394 Леуцин 2,152 Тирозин 0,570
Фенилаланин 1,092 Лизин 2,587 Треонин 0,431
Глицин 8,361 Метионин 0,489 Валин 1,617
Хидросилисин 0,427 Орнитин 0,489 ВКУПНО 47,639

AMINOTON овозможува надминување на стресните состојби (предизвикани од неповолни временски услови температура, неповолна влажност итн.), го хармонизира растот на растението без период на стагнација на вегетативниот пораст, ја зголемува биолошката плодност, поголема достапност и стабилно ослободување на хранливите материи, го интензивира развојот на кореновиот систем и ја зголемува активноста на микроорганизмите во почвата.

ПРИМЕНА: во овоштарството се применува во доза од 150-300 ml/100 L вода, во почетокот на вегетативниот развој, за време на цветањето и за време на интензивен раст на плодовите. Кај градинарските култури се употребува во доза од 150-300 ml/100 L вода фолијарно или 250-500 ml/m почвено, после пресадување и за време на интензивен раст на плодовите.

DIAFERRENE е микрогранулирано водорастворливо ѓубриво кое се користи за спречување и лечење на појава на хлороза предизвикано од недостаток на железо во овоштарството и лозарството. делува брзо и ефикасно дури и при висока рН вредност на почвата.

СОСТАВ: вкупно железо 6 %, хелатирано со EDDHA o-o 2,4%, и о-р 3,6%.

ПРИМЕНА: се применува почвено во доза од 60-100 g/стебло превентивно или 80-250 g/стебло куративно или фолијарно од 0,8-1,5 kg/ha.

TECHNOFERT ADVANCE 17-6-25+4MgO+3S+TE се користи за сите земјоделски во: поледелство, градинарство, овоштарство, лозарство, расадничко производство како и во шумарството.

TECHOFERT ADVANCE влијае врз снагата на ртење, ртливостана семето, масата на 1000 зрна, хектолитарската маса и принос, изложувањена клетките и органите, ја зголемува лисната маса и активноста на фотосинтезата како и добро влијае за развој на кореновиот систем.