За нас

80 години со вас

Агриматко е мултинационална компанија чија што главна дејност е снабдување на земјоделските производители со квалитетни средства за заштита, семенски материјали, ѓубрива и останати репроматеријали.

Компанијата е основана пред точно 80 години и е застапена во повеќе од 50 земји во светот, додека во Р. Македонија е присутна 14 години.

Агриматко Македонија е застапник за повеќе светски признати компании и тоа:

  1. во секторот за семенски материјал ги застапува компаниите Seminis и De Ruiter Холандија;

  2. во секторот на средства за заштита на растенија е застапник за компаниите Nufarm Австрија, Cheminova Данска и Lainco Шпанија;

  3. во секторот на ѓубрива ги застапува компаниите Yara Норвешка, Dr. Tarsa Турција и Cosmocel Мексико.

Производите од асортиманот на Агриматко Македонија се висококвалитетни и регистрирани во Европската Унија, а за нивниот квалитет гарантираат реномирани компании.

Агриматко Македонија со својот стручен тим Ви стои на располагање за секаков вид на консултации и теренска посета.

Ви благодариме на укажаната доверба и се надеваме на долга и успешна соработка!