Фунгициди и Нематоциди

CHAMPION 50 WG e контактен фунгицид и бактерицид во вид на водорастворливи гранули со широк спектар за сузбивање на причинители на болести кај овошните, градинарските култури и лозарството. Активната материја бакар хидроксид го инхибира ртењето на спорите на патогените. Габните заболувања не развиваат резистентност на оваа материја заради неговиот повеќекратен механизам на дејство.

CHAMPION 50 WG е фунгицид со најситни честички од сите бакари во форма на гранули и заради тоа овозможува најдобра покриеност на растенијата со растворот, а во исто време не врши никаква блокада на бренерите со што заштедува време и ресурси во времето на апликација.

ПРИМЕНА:

– Пламеница на винова лоза (Plasmopara viticola), црвенило на листот на виновата лоза (Pseudopeziza tracheiphila) и црнo гниење на грозјето (Guignardia bidwelli) со примена од започнувањето на вегетацијата до цветање и по цветањето, во концентрација од 2-2,5 kg/ha

– Бактериски и габични болести (освен пепелница) како бактериска пламеница (Erwinia amylovora) на јаболки, круши и дуњи во количина 2-3 kg/ha со употреба на вода 800-1500 L/ha

– Пламеница кај компир и пламеница кај домат (Phytophthora infestans) и дамкавост на листот (Alternaria solani), во количина 3,5-4 kg/ha.

КАРЕНЦА: 35 дена за винова лоза, 28 дена за кромид и грав, 21 ден за коскесто овошје и шеќерна репка, 14 дена за компир и домати (на поле и во заштитен простор), 10 дена за јаболки и круши, 7 дена за пиперка и модар патлиџан, 5 дена за малини, краставици.

ФИТОТОКСИЧНОСТ: Фитотоксичност може да се појави при ладно и влажно време.

MЕШАЊЕ: Не смее да се меша со дитиофосфорни инсектициди (malation, fosalon, fosmet, metidation) или со кисели инсектициди (diklorvos, heptenofos, dimetoat, fosfamidon), фунгициди на база на propamokarb, како и биостимулатори на база на etephon.

NANDO 500SC кој содржи активна материја Fluazinam 500gr/L е превентивен фунгицид со широк спектар на делување, го спречува ртењето на спорите и одредена активност за формирање спори, погоден за сузбивање на пламеница кај компирот.

ПРИМЕНА: Се користи за сузбивање на пламеница кај компирот со доза од 300-400mL/ha.

КАРЕНЦА: 7 дена

FOSBEL 80WG e системичен фунгицид со протективно, куративно и ерадикативно дејство.

АКТИВНА МАТЕРИЈА: Fosetyl-Al 800 g/kg ФОРМУЛАЦИЈА: водорастворливи гранули (WG)

НАЧИН НА ДЕЈСТВО: Системичен фунгицид со протективно и куративно дејство. Растенијата многу брзо го усвојуваат и се движи низ флоемот и ксилемот. Има повеќекратно дејство против патогените: го инхибира ртењето на спорите, ги блокира развојот на мицелиумот и спорулацијата.

ПРИМЕНА:

  • Агруми за сузбивање на патогени од родот Phytophtora spp. во концентрација од 250-300g/100L вода.
  • Јаболчести овошје за сузбивање на патогени од родот Phytophtora spp. во концентрација од 250-300g/100L вода.
  • Винова лоза за сузбивање на пламеница (Plasmopara viticola) во концентрација од 250-300g/100L вода.

ПРЕПОРАКИ: Препаратот не е компатибилен со инсектициди со кисела реакција, бакарни производи, фолијарни ѓубрива кои содржат азот во својот состав.

КАРЕНЦА: 15 дена за агруми и јаболчесто овошје, 28 дена за винова лоза

FOSBEL EXTRA e системичен фунгицид со протективно и куративно дејство за сузбивање на габни заболувања со активна материја fosetyl-AL + cymoxanil формулиран како водорастворлив прав (WP).

         ПРИМЕНА:

  • Винова лоза за сузбивање на црно гниење, ескориоза, пламеница и има дополнително дејство против пепелница и ботритис (сиво гниење).
  • Компир за сузбивање алтернарија (црна дамкавост) и пламеница.
  • Салата (марула) за сузбивање на пламеница.                                                                 Се употребува во следните дози:
  • При фолијарни третрмани , потребно е да се покрие целата вегетативна маса во концентрација 300g/100L вода
  • Кај винова лоза: против црно гниење и фомопсис (ескориоза) производот се аплицира при појава на првите листови, со максимална доза од 1,5kg/ha по апликација; против пламеница кога ластарите се веќе задрвенети добро е да се замени со контактен фунгицид. Максимална доза е 1,5kg/ha по апликација.

 

ПРЕПОРАКИ: Производот за заштита на растенија FOSBEL EXTRA не треба да се меша со производи на база на бакар, течни фолијарни ѓубрива на база на азот или сулфур.

КАРЕНЦА: 14 дена за салата, 21 кај компир, 28 дена кај винова лоза.

FUNGISTOP е контактен фунгицид со протективно дејство за контрола на пепелница и со секундарно акарицидно дејство. FUNGISTOP e производ кој содржи 72% сулфур и е формулиран како концетрат за суспензија. Овој течен облик овозможува лесна манипулација, поголема безбедност за ракувачите и спречува губитоци како кај прашкастите формулации.

ПРИМЕНА: се применува кај градинарските, поледелските, овошните култури и во лозарството, како и кај украсните растенија, за спречување на пепелницата, како и за намалување на популацијата на црвениот пајак и копривните пајачиња. Се употребува во концентрација од 0,2-0,6%, т.е. од 0,2-0,6 L/100 L вода. Не се применува кај осетливи сорти кајсии, праски и јаболка, ниту кај производи кои ќе се користат за конзервирање. Да не се применува на повисоки температури од 28 °С, и да не се меша со масло или со алкални препарати.

FULMINAL 12 е системичен фунгицид со превентивно и куративно дејство со активна материја myclobutanil , наменет за фолијарна употреба. Превентивна употреба на Fulminal 12 e препорачана за да се избегнат штети на културите од болести и за да се избегне појава на резистентни соеви габи.

ПРИМЕНА: FULMINAL 12 e одобрен од следните култури:

  • праска, кајсија, слива, брусница, цреша, црна рибизла, хмељ, домати, пипер, јагода, артичока, шеќерна репка, тиквени к-ри против пепелница.
  • орев против антракноза
  • аспарагус против рѓа
  • боранија против пепелница
  • украсни грмушки и растенија против пепелница и рѓа
  •  рози против антракноза

КАРЕНЦА: 3 дена кај: артичока, јагода, пипер и домат; 7 дена кај: тиквести к-ри, кајсија, слива, праска, нектарина, брусница, цреша и црна рибизла; 15 дена кај: хмељ и боранија; 28 дена кај: коскести овошја и шеќерна репа; 60 дена кај орев.

FESTIVAL е трансламинарен фунгицид со контактна компонента, со превентивно и куративно дејство. Во својот состав содржи две а.м. (cymoxanil + bordeaux mix.).  

НАЧИН НА ДЕЈСТВО: FESTIVAL е фунгицид со изразито превентивно (контактно) и куративно (системично) дејство против причинителот на пламеница на компир и домат (Phytophthora infestans). Комбинацијата од два комплементарни и синергистички активни материи (cymoxanil и бакар во форма на Бордовска чорба) обезбедува двојно, односно превентивно и куративно дејство против причинителот на пламеница кај компирот и домат.

ПРИМЕНА: FESTIVAL е овластен во следните култури и болести:

  •  КОМПИР: (Phytophtora infestans)- причинител на пламеница на компир
  •  ДОМАТ:  (Phytophtora infestans)- причинител на пламеница на домат
  • Кај компирот да се аплицира на пролет и во лето, при појава на првите симптоми или кога ќе се створат поволни услови за развиток на болеста, со формирањето на првите листови (BBCH 11-19) се до моментот на бербата (BBCH 22-41). Се нанесува во доза од 400 g/ 100 L вода (0.4%) со волумен од 600-750 L/ha и максимална доза од 2,4 до 3 kg/ha.
  • Кај доматот да се аплицира само за на отворено, при појава на првите симптоми или кога ќе се створат поволни услови за развиток на болеста, од 6а до 8а вистински распространет лист на главното стебло (BBCH 16-18) се до првата или втората видлива пупка (BBCH 21-22). Се нанесува во доза од 400g/100L вода (0.4%) со волумен од 600-750 L/ha и максимална доза од 2,4 до 3 kg/ha

КАРЕНЦА 10 дена кај доматот; 15 дена кај компирот.

KSAR е трансламинарен фунгицид од грпата на стробулурини со превентивно, куративно и ерадикативно дејство. Се користи за контрола на чадлива краставост, пепелница, црно гниење и кафеава дамкавост кај круша, јаболко, диња, винова лоза и маслинка

  • УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА:
  • КРУША за контрола на чадлива крставост на лисјата и плодовите(Venturia pyrina) и Кафеава дамаквост на листовите (Stemphylium vesicarium) во доза од 20g/100 L вода максимум 0,2 kg/ha
  • Јаболко и дуња за контрола на чадлива краставост на лисјата и плодовите (Venturia inaequalis) , Пепелница (Podosphaera leucotricha) 20 g/ 100 литри вода максимум: 0,2 kg/ha
  • Винова лоза за контрола на Пепелница  (Uncinula necator) и Црно гниење на грозјето  (Guignardia bidwellii) се употребува во доза од  25-30 g/ 100 литри вода максимум: 0,30 kg/ha
  •  Маслинка за контрола на Лисна дамкавост „пауново око“ (Spilocaea oleagina) 20 g/100 литри вода  или 0,2 kg/ha

КАРЕНЦА: 35 дена за крушам јаболко, дуња, винова лоза а за маслинка да се користи само за пролетни третирања

KSAR MAX е трансламинарен фунгицид од грпата на стробулурини со превентивно, куративно и ерадикативно дејство и е наменет за сузбивање на чадлива краставост кај јаболко и круша , кафеава лисна дамкавост кај круша и лисна дамкавост „пауново око“ кај маслинката. Во својот состав ги содржи активните матреии кресоксим-метил и дифенконазоле. Активната материја Кресоксим-метил припаѓа на хемиската група на стробилурини а  Дифенконозале  на хемиската група на триазоли.

  • УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА:
  • ЈАБОЛКО за контрола на Чадлива краставост на лисјата и плодовите (Venturia pyrina) во доза 0,3 kg/ha
  • КРУША за контрола на Чадлива краставост на лисјата и плодовите (Venturia pyrina) во доза од 0,3kg/ha , Кафеава дамаквост на листовите  (Stemphylium vesicarium) во доза од 0,25-0,3 kg/ha.
  •  Маслинка за контрола на Лисна дамкавост „пауново око“ (Spilocaea oleagina) во доза од 0,25-0,3 kg/ha.

КАРЕНЦА: 3о дена за круша и јаболко, а за маслинка обезбедено со време на примена.

ОSSICLOR 50 PB MANICA е производ за заштита на растенија со формулација на водорастворлив прав кој содржи 50% чист бакар во форма на бакарен оксихлорид. Се користи за сузбивање на: Пламеница, Чадлива краставост, Антракноза, Алтернарија, Септорија, Церкоспориоза, Пауново око, Сиво гниење.

  • УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА: ОSSICLOR 50 PB MANICA е поливалентен фунгицид кој се користи за заштита на јабочестото овошје, коскестото овошје, лозарство, цитруси, јагода, маслинка, градинарски култури

КОМПАТИБИЛНОСТ

Производот не е компатибилен со алкални формулации.

Предупредување: Во случај на мешање со други формулации, мора да се почитува најдолгиот период на каренца. Исто така, мора да се почитуваат правилата за претпазливост пропишани за најтоксичните производи. Во случај на интоксикација, информирајте го докторот за завршената мешавина.

DOMARK COMBI е фунгицид за сузбивање на пепелница кај виновата лоза и растенијата од фамилијата cucurbitaceae, како и за сузбивање на пепелница и чадлива краставост кај јаболкото. DOMARK COMBI е комбинација на две активни материи: tetraconazole кој што е триазол од најновата генерација со исклучително дејство за сузбивање на пепелница и чадливца краставост и сулфур. Заради составот овој фунгицид има превентивно, куративно и ерадикативно дејство.

ПРИМЕНА: DOMARK COMBI се примненува во доза од 1,5-2 kg/ha во зависност дали се употребува пред појава на инфекцијата или по нејзино појавување.

КОМПАТИБИЛНОСТ: производот е компатибилен со најголемиот број на фунгициди и инсектициди. Не треба да се меша со минерални масла и инсектициди со алкална реакција.

DOMARK е системичен фунгицид со широк спектар на превентивно и куративно дејство. Содржи а.м. тетраконазол од групата DMI (подгрупа на триазоли) кој делува на биохемиското ниво со инхибиција на биосинтезата на ергостерол (SBI) во габичните клеточни мембрани со издолжување на мицелиум и развојот на габите што резултира со нивно уништување.

ПРИМЕНА: DOMARK се примненува кај:

Јаболки: за сузбивање на Пепелница (Podosphaera leucotricha), Чадлива краставост (Venturia inaequalis): Доза: /ha.Круши: за сузбивање на Чадлива краставост (Venturia pirina): Доза: 300 мл/декар (30 мл/100 литра течност за прскање). Праски, Кајсии, Нектарини: Пепелница (Sphaerotheca pannosa): Доза: 40 мл/декар (40 мл/100 литра течност за прскање).Лозарство  (винско и трпезно): за сузбивање на Пепелница (Uncinula necator): Доза: 30 мл/декар (30 мл/100 литра течност за прскање). Јагода (под фолија): за сузбивање на Пепелница (Sphaerotheca macularis,f.sp.fragariae): Доза: 50 мл/декар (50 мл/100 литра течност за прскање). Домат (на отворено) за сузбивање на Пепелница (Leveillula taurica): Доза: 50 мл/декар (50 мл/100 литра течност за прскање). Лисна мувла (Cladosporium fulvum): Доза: 75 мл/декар (75 мл/100 литра течност за прскање).Краставица (на отворено и под фолија), Корнишон (на отворено и под фолија), Тиква (на отворено): за сузбивање на Пепелница (Spaerotheca fuliginea): Доза: 50 мл/декар (50 мл/100 литра течност за прскање).Лубеница, Диња: за сузбивање на Пепелница (Podosphaera xanthii): Доза: 50 мл/декар (50 мл/100 литра течност за прскање). Артичока: за сузбивање на Пепелница (Leveillula taurica): Доза: 40 мл/декар (40 мл/100 литра течност за прскање).Пченица мека, Пченица тврда, Јачмен За сузбивање на Пепелница (Erysiphe graminis), дамкавост на листот (Septoria tritici): Доза: 70-100 мл/декар. Жолта рѓа (Puccinia striiformis), Лисна рѓа (Puccinia recondite): Доза: 100-125 мл/декар. Шеќерна репка: за сузбивање на дамкавост на листот (Cercospora beticola): Доза: 100 мл/декар.Украсни растенија (на отворено), Украсни дрвја и грмушки (на отворено): за сузбивање на Пепелница  (Sphaerotheca sp.) Доза: 50 мл/декар (25-50 мл/100 литра течност за прскање).Четинарски дрвја, Палми : за сузбивање на Пепелница (Sphaerotheca pannosa) (Podosphaera): Доза: 50 мл/декар /100 литра течност за прскање.

Последна примена пред береба (каренца): Јаболки, круши, праски, кајсии, нектарини, шеќерна репка: 14, Лозарство (трпезно и винско): 30, Домати (на отворено), Краставици (на отворено и во фолија), Краставички (на отворено и во фолија), Тиква (на отворено): 3, Лубеници (на отворено), Дињи (на отворено), Артичока: 7, Јагоди (под фолија): 1, Пченица, Јачмен, Р΄ж: не е одредено.

FANTIC A е фунгицид со системично дејство наменет за сузбивање на растителни болести во лозарството и градинарството. Во својот состав има три активни материи (Benalaxyl-M, Copper hydroxide, Copper oxychloride)

ПРИМЕНА:

кај винова лоза (трпезни и вински сорти) за сузбивање на причинители на пламеница  (Plasmopara viticola) во количина од 2 kg/ha со потрошувачка на вода од 200-1000 L/ha.

кај домати на отворен простор и модар патлиџан на отворен простор, за сузбивање на причинители на пламеница  (Phytophtora infestans) во количина од 2,4 kg/ha со потрошувачка на вода од 300-1000 L/ha.

кај компир, за сузбивање на причинители на пламеница  (Phytophtora infestans) во количина од 2,4 kg/ha со потрошувачка на вода од 300-1000 L/ha.

Последна примена пред береба (каренца): 40 дена за винските сорти на виновата лоза; 28 дена за трпезните сорти на винова лоза; 14 дена за компир, 3 дена за домати на отворен простор и  модар патлиџан на отворен простор.

CUPROFLOW е фунгицид со широк спектар на делување кој содржи бакар во форма на бакар оксихлорид.

ПРИМЕНА:

ВИНОВА ЛОЗА – за сузбивање на причинителите на: пламеница (Plasmopara viticola), со секундарно  дејство против ескориозата (Phomopsis viticola) и црното гниење (Guignardia bidwelli): да се примени  превентивно во доза од 200 mL на 100 литри вода

ЦИТРУСИ- за сузбивање на причинителите на: кафеаво гниење (Phytophthora citrophthora), со секундарно  дејство против  бактериози и антракноза (Gloesporium limetticolum). Да се примени  во услови поволни за ширење на болеста во доза од 250 mL на 100 литри вода.

Јаболко, круша и дуња – за сузбивање на причинителите на чадлива краставост кај круша (Venturia spp.) и септориоза – лисна дамкавост (Septoria pyricola), да се примени во доза од 200 mL на 100 литри вода. Рак кај јаболчестото овошје (Nectria galligena) и бактериоза – да се примени 2 до 3 пати по бербата на плодовите па се до резидбата во доза од 300 mL/ha (максимум 3,5 L/ha)

Цреша, Слива, Бадем за сузбивање на прилинителите на: сачменка (Stigmina carpophila), кафеаво гниење – монилиози (Monilinia spp), кадравост на лисјата (Taphrina deformans)  и бактериоза во доза од 300 mL на 100 литри вода.

Праска, Нектарина, Кајсија – за сузбивање на причинители на раковини кај коскестите овошја (Fusicoccum amygdali) , монилиозни гниења (Monilinia spp.), кадравост на листовите (Taphrina deformans)– да се спроведат 2 до 3 третирања  во доза од 300 mL

Јагода (на отворено) – за сузбивање на причинителите на: лисна дамкавост (Mycosphaerella fragarie) и бактериози да се примени со почетокот на вегетацијата на јагодата во доза од 250-300 mL на 100 литри вода.

Маслинка – за сузбивање на причинителите на: пауново око (Spilocaea oleagina) и антракноза (Colletotrichum gloeosporioides) да се примени во доза од 200 mL на 100 литри вода.

Јаткасто овошје  – за сузбивање на причинители на: рак рани и сушење на овошките и бактерискиот рак (Cytospora cincta и Pseudomonas syringae) и бактериози  кај костен  и лешник, да се примени во доза од 200 до 250 mL на 100 литри вода.

Градинарски култури (на отворено, а во пластеници само домат и модар патлиџан)

Да се примени  во доза од 250 до 300 mL во 100 литри вода

Лук, Кромид, Млад кромид, арпаџик, кромид Шалот- (максимум 4 апликации/годишно) за сузбивање на причинителот на пламеница (Peronospora sp..), но има и секундарно   дејство врз сивото гниење (Botrytis cinerea), бактериозни гниења (Erwinia spp, Pseudomonas fluorenscences).

Домат, Модар патлиџан (максимум 5 апликации/годишно) и Пиперки (максимум 4 апликации/годишно)

За сузбивање на причинителите на: мувлосување на листовите (Cladosporium sp..), дамкавост на плодовите, пламеница (Peronospora spp.), црно гниење и бактериозни гниења, a има и секундарно дејство за сузбивање на сиво гниење (Botrytis cinerea) и црни дамкавости (Alternaria spp.);

Диња, Лубеница, Тиква (максимум 5 апликации/годишно), Тиквички, Краставица, Корнишон (5 апликации/годишно)

За сузбивање на бактериска дамкавост, пламеница (Peronospora spp.), бактериозни гниења (Erwinia, Pseudomonas)

Карфиол, Брокула (максимум 4 апликации/годишно)

За сузбивање на бактериозни гниења (Erwinia, Pseudomonas,) црно гниење, лисна дамкавост, пламеница (Peronospora spp.), а има и секундарно дејство во сузбивањето на: сиво гниење (Botrytis cinreae)  и  црните дамкавости (Altrenaria spp.);

Артичока (максимум 3 апликации/годишно)

За сузбивање на причинителот на пламеница (Peronospora), но се одликува и со секундарно   дејство врз бактериозното гниење

Зелени салати и лиснати култури (марула, ескарол, ендивија, рукола,  поточарка  (максимум 4 апликации/годишно)

За сузбивање на причинителот на пламеницата (Peronospora spp, Bremia spp.)

Компир – за сузбивање на причинители на: пламеница (Phytophtora infestans), црна дамкавост (Alternaria spp.) и бактериозни заболувања. Да се примени во доза од 2 до 2,5 L/ha

Чемпрес – за сузбивање на причинители на раковини на чемпрес (Coryneum cardinalе): Да се примени  во доза од 250 mL на 100 литри вода.

Последна примена пред береба (каренца): 3 ДЕНА ПРЕД БЕРБАТА НА ДОМАТОТ, ако се консумира свеж, ПИПЕРКА, МОДРИ ПАТЛИЏАНИ, ЈАГОДА, КУЛТУРИ ОД ФАМИЛИЈАТА Cucurbitacea со лушпа за јадење, ЛУК, КРОМИД, МЛАД КРОМИД, АРПАЏИК, КРОМИД ШАЛОТ, АРТИЧОКА; 7 ДЕНА ЗА КОМПИР, САЛАТИ, КУЛТУРИ ОД ФАМИЛИЈАТА Cucurbitacea со лушпа која не е за јадење; 10 дена за домат за индустриска употреба, 14 ДЕНА ЗА КАРФИОЛ, МАСЛИНКИ, ЦИТРУСИ, ЈАТКАСТО ОВОШЈА; 21 ДЕН ЗА ДРУГИТЕ КУЛТУРИ ЗА ЈАДЕЊЕ.