Инсектициди и Акарициди

RITMUS содржи активна материја Deltamethrin која што припаѓа на групата пиретроиди. Активната материја делува контактно и желудечно против голем штетници (молци, овошни муви, стеници, гасеници, лисни вошки, златици и трипс).

ПРИМЕНА 

  • Бадем, лешник, орев за сузбивање на лисна вошка, молец, гасеница со доза од 30-50 ml/100L вода.
  • Јаболчесто овошје за сузбивање лисни вошки, гасеници, крушкова болва со доза од 30-50 ml/100L вода.
  • Маслинка за сузбивање на маслинова мува, маслинова осичка, маслинов молец во доза од 30-50 ml/100L вода.
  • Јагода за сузбивање на лисна вошка и гасеници со доза од 30-50 ml/100L вода
  • Морков, ротквица, лук, кромид и власец за сузбивање на лисна вошка, гасеници, лисни болви и трипс со доза од 100 ml/100L вода.
  • Домат и модар патлиџан за сузбивање на совици, гасеници, лисни вошки и трипс со доза од 30-50 ml/100L вода.
  • Краставица, корнишон и тиквица за сузбивање на гасеници и лисни вошки со доза од 30-50 ml/100L вода.
  • Диња, лубеница, тиква за сузбивање на гасеници и лисни вошки со доза од 30-50 ml/100L вода.
  • Пченка шеќерац за сузбивање на совици, гасеници и лисни вошки со доза од 30-50 ml/100L вода.
  • Карфиол, брокула, зелка за сузбивање на гасеници и лисни вошки со доза од 30-50 ml/100L вода.
  • Спанаќ за сузбивање на гасеници и лисни вошки со доза од 30-50 ml/100L вода.
  • Артичоки за сузбивање на гасеници и лисни вошки со доза од 30-50 ml/100L вода.
  • Аспарагус за сузбивање на стеници и лисни вошки со доза од 30-50 ml/100L вода.
  • Праз за сузбивање на гасеници и лисни вошки со доза од 30-50 ml/100L вода.
  • Маслодајна репа и сончоглед  за сузбивање на гасеници и лисни вошки со доза од 30-50 ml/100L вода.
  • Тутун за сузбивање на гасеници и лисни вошки со доза од 30-50 ml/100L вода.
  • Компир за сузбивање на компирова златица, гасеници и лисни вошки со доза од 30-50 ml/100L вода.
  • Пченица, јачмен, рж и овес за сузбивање на гасеници и лисни вошки со доза од 30-50 ml/100L вода.
  • Пченка и сирак за сузбивање на грчици, совици, лисни вошки и пченкарен црв со доза од 30-50 ml/100L вода.

КАРЕНЦА

Каренцата изнесува 38 дена кај бадем, 7 дена кај јабол.овошје, маслинка, морков, ротквица, лук, кромид, власец, карфиол, брокула, зелка, праз, тутун и компир, 3 дена кај јагода, домат, модар патлиџан, краставица, корнишон, тиквица, диња, лубеница, тиква, спанаќ, артичоки, 45 дена кај масл.репка, 68 дена кај сончоглед, 38 дена кај пченица, јачмен, рж, овес, пченка и сирак.

BERMECTINE е инсектицид и акарицид кој содржи активна материја Abamectine 18g/L C која делува на сите подвижни форми на инсекти и пајаци. Bermectine делува на нервниот систем на инсектите непосредно по третманот, штетникот е парализиран (престанува да се движи и храни, по што умира за 3-5 дена.

ДОЗИ И УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА

Апликација при појава на првите знаци на напад.

Број на апликации: 1-3 третмани

Каренца: 1-15 дена

  • Употреба:
  • Авокадо: во доза од 1,5L/ha
  •  Памук, домат, пиперка, тиква, јагода, лук и украсни растенија во концентрација од 0,05- 0,1%
  • Цитруси против црвени грињи, подвижни форми на црвени пајачиња и цитрусни грињи во концентрација од 0,04%
  • Круша: против крушкина болва во концентрација од 0,03-0,04%
  • Марула: применете концентрација од 0,05-0,1% кај расад и по 20 дена по пресадувањето.
  • Јаболко: во концентрација од 0,08% веднаш по цветањето. Да се повтори доколку е потребно по 2 месеци. Се употребува 1000-1500L/ha вода.
  • Винова лоза: во концентрација од 0,05-0,075% се третира на почетокот на појавата на нападот со максимум две примени во вегетација со онтервал од 7дена помеѓу приментите. Да не се дозира повеќе од 1,3L/ha
  • Украсни растенија: се применува против грињи и лисни минери во доза од 20-80ml/растение (зависно од висината на растението)
  • Артичока: во концентрација од 0,1%

КАРЕНЦА

10 дена за лук, цитруси и круша, 3 дена за домат, тиквести к-ри, памук, јагода, пипер, малина и калинка, 7дена кај артичоки, 28 дена за јаболки и винова лоза 14 дена за авокадо, за марула е обезбедена со време на примена

KAISO SORBIE e уникатен инсектицид со активната материја lambda cyhalothrin кој е формулиран преку специјална постапка со SORBIE технологија како водорастворливи гранули. Тоа му овозможува knock-down ефект како и изразена фото и термо стабилност. KAISO SORBIE е инсектицид од групата на пиретроиди со многу широк спектар на дејство за сузбивање на штетниците кај градинарските култури на отворено и во заштитени простори, кај овошните и поледелските култури и во лозарството.

ПРИМЕНА

Се применува во дозација од 200-300 g/ha, кај компир против компирова златица, домат против лисни вошки и совици, јаболко и круша против јаболков црв и лисни вошки, лозарство против молци и цикади, коскести овошја против прасков црв, свиткувач, молец, трипс и лисни вошки, марула против лисни вошки, пченка против молец, житни култури против лисни вошки и шеќерна репа против лисни вошки и репкина мува

КАРЕНЦА

Каренцата изнесува 60 дена за пченка, 28 дена за житни култури, 7 дена за марула, компир, шеќерна репа, коскесто и јаболчесто овошје и лозарство и 3 дена за домат.

CYREN 5 G е инсектицид со активна материја chlorpyrifos којшто спаѓа во групата на органофосфорни соединенија. Делува врз нервниот систем на инсектите како инхибитор на ацетилхолин естеразата. CYREN 5G е почвен контактен инсектицид наменет за сузбивање на штетни инсекти којшто живеат во почвата или на нејзината површина

ПРИМЕНА И ДОЗАЦИЈА: кај памук, јагоди, сончоглед, пченка, компири, шеќерна репа, тутун и украсни растенија против штетници (Scarabaedidae, Elateridae, Lumbicus terretris и ларви на двокрилци) во доза од 40-50 kg/ha, и кај грав против Delia platura во доза од 40-50 kg/ha. Да се примени за третман на почвата пред сеидбата или расадувањето. Најдобри резултати се постигнуваат доколку се применува со инкорпорација.

КАРЕНЦА: Каренцата е обезбедена со времето на примена.

CYREN 480 EC е инсектицид со активна материја chlorpyrifos којшто спаѓа во групата на органофосфорни соединенија. Делува врз нервниот систем на инсектите како инхибитор на ацетилхолин естеразата. Формулиран е како концентрат за емулзија и се одликува со контактно, дигестивно и инхалационо дејство.

ПРИМЕНА: кај пченица за сузбивање на житна пијавица (Lema melanopus), кај компирот за сузбивање на компировата златица (Leptinotarsa decemlineata), праска за сузбивање праскина вошка (Myzus persicae), јаболко за сузбивање на јаболков свиткувач (Carpocapsa pomonella) и лисни вошки (Aphididae spp).

ДОЗАЦИЈА: 1-1,5 l/ha кај пченица, 1,5 l/ha кај компир и тутун, 0,1-0,2% кај јаболко, 0,10,15% кај праска. Препаратот може да се употреби 2 пати на иста површина во текот на една година. Потрошувачката на вода се движи од 200-400 l/ha за пченица, компир и тутун; 600-1000 l/ha за овошни кулури и лозарство.

KАРЕНЦА: 28 компир, јаболко и праска , 42 дена за житни култури и тутун.

INFISS е инсектицид со активна материја deltamethrin којшто спаѓа во групата на пиретроиди. Делува контактно и желудечно и сузбива широк спектар на штетни инсекти. Поседува брзо иницијално дејство и овозможува долготрајна заштита на растенијата со голема сигурност на употреба. Формулиран е како концентрат за емулзија и се одликува со брзо иницијално дејство и овозможува долготрајна заштита на растенијата со голема сигурност на употреба.

ПРИМЕНА: се употребува кај домат, модар патлиџан, тиквица, краставица и корнишон, диња, лубеница, брокула и карфиол и јагоди во доза од 0,5 l/ha. Потрошувачката на вода се движи од 200-400 l/ha за пченица, компир и тутун; 600-1000 l/ha за овошни кулури и лозарство.

KАРЕНЦА: 3 дена кај домат, модар патлиџан, тиквица, краставица и корнишон, диња, лубеница и јагода, 7 дена кај брокула и карфиол.

КОМПАТИБИЛНОСТ: Не е компатибилен со пестициди со изразена алкална и кисела реакција.

LAINCOIL е препарат со инсектицидно и акарицидно дејство за зимско и летно третирање на овошните култури и во лозарството. LAINCOIL содржи 83% парафинско масло и е формулиран како концентрат за емулзија. Со примена во почетокот на вегетацијата, физички ја спречува респирацијата на сите стадиуми на инсектите и пајачињата. При летните третирања обезбедува поголема покриеност и прилепување на средствата за заштита со што ги подобруваат перформансите на третманот. Зимското третирање се врши кога стеблата на овошките и лозјата се суви, при температури повисоки од 7ºС за да се избегне опасноста од измрзнување. Стеблата и лозите треба добро да се покријат со растворот. Летните третмани не смеат да се вршат при високи температури.

ДОЗАЦИЈА: кај јаболчесто и коскесто овошје 1-1,5 L/100 L вода за контрола на штитести и лисни вошки, црвен овошен пајак и копривни пајачиња, цреши 0,75-1 L/100 L вода за контрола на штитести и лисни вошки, црвен овошен пајак и копривни пајачиња, маслинки 1-1,5 L/100 L вода и украсни растенија 1-1,5 L/100 L вода.

КОМПАТИБИЛНОСТ: LAINCOIL се меша со CHAMPION (бакар хидроксид) . Не смее да се меша со препарати на база на сулфур.