
80 години со вас
Агриматко е мултинационална компанија чија што главна дејност е снабдување на земјоделските производители со квалитетни средства за заштита, семенски материјали, ѓубрива и останати репроматеријали.
Компанијата е основана пред точно 80 години и е застапена во повеќе од 50 земји во светот, додека во Р. Македонија е присутна 14 години.
Агриматко Македонија е застапник за повеќе светски признати компании и тоа:
-
во секторот за семенски материјал ги застапува компаниите Seminis и De Ruiter Холандија;
-
во секторот на средства за заштита на растенија е застапник за компаниите Nufarm Австрија, Cheminova Данска и Lainco Шпанија;
-
во секторот на ѓубрива ги застапува компаниите Yara Норвешка, Dr. Tarsa Турција и Cosmocel Мексико.